– Побаравме крај на конфликтот, но кој може да изврши притисок врз Израел? Само САД. Европа не беше во можност да го стори тоа долго време. Соединетите Американски Држави се единствената земја што може да стави крај на овој конфликт, се разбира, ако сака, рече Борел од Мадрид.
Претходно американскиот претседател Џо Бајден ја оправда интервенцијата на Израел во која од понеделникот до сега се убиени 103 Палестинци, од кои 27 деца. Во исто време, седум Израелци беа убиени од ракетен напад на Хамас од Појасот Газа.
– Овој конфликт на Блискиот исток не е ништо ново, но светот гледа на страна, рече Борел.
Израел ја отфрли надлежноста на Меѓународниот кривичен суд и ја отфрла истрагата за воени злосторства, ниту го признава повикот на Обединетите Нации да го запрат ширењето на окупацијата со градење дополнителни еврејски населби во Палестина. Иселувањето на Палестинците од нивната земја и куќи во источен Ерусалим минатиот петок доведе до последниот бран насилства, анализираат светските медиуми.