– Процесот на проширување бара разликите да се остават настрана, рече Борел по пристигнувањето на Самитот ЕУ-Западен Балкан.
Тој додаде дека земјите кандидати за членство мора да спроведат реформи и дека членките и институциите на ЕУ мора да ги исполнат своите обврски. „ЕУ мора да задржи кредибилно продолжување на процесот на проширување“. Според него, земјите кои сакаат да станат членки мора да се усогласат со надворешната политика на ЕУ со цел да се справат со заедничките предизвици.