Министерството за труд и социјална политика соопштува дека, согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ”, бр.21/98 и 18/07), 7 јануари 2022 година (петок), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар, е неработен ден за сите граѓани на Република  Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика им го честита Божик на граѓаните од православната вероисповед.