Со напредокот на кампањата на вакцинација Белгија од четврток ќе биде во можност да ги вакцинира сите, што значи дека списокот на ранливи категории како приоритетни отпаѓа, но се чува посебно место за бремените жени сепак, соопштија денеска здравствените власти.

Премиерот на Белгија вчера најави дека земјата веќе има вакцинирано 50 отсто од населението со барем една доза, само во текот на мај се аплицирани три милиони дози.

Здравствените власти го нарекоа овој напредок “фантастичен перформанс“.

Во овој момент 23,2 отсто од населението е вакцинирано комплетно, со сите потребни дози. А кампањата на вакцинација треба значително да се забрза во текот на јуни со достава на дополнителни четири милиони дози и отворање на нови локации со подолго работно време.