Велика Британија и ЕУ имаат недоразбирања откако британската Влада одби да им одобри на европските дипломати целосен дипломатски статус по Брегзит.
– Ние сме прагматични по ова прашање. Секако дека ЕУ не е универзална меѓународна организација, односно, не е држава во класична смисла, но разговараме со нив и сигурен сум дека ќе постигнеме решение, истакна Раб, додавајќи дека европските партнери ќе бидат третирани на начин кој го заслужуваат.