Британската влада веќе се консултираше дали да се направат задолжителни вакцини за социјалните работници, а министрите веќе размислуваат дали да го сторат истото за медицинските лица. Министерот Надхим Захави рече дека е важно да се проучи како да се заштитат најранливите.

Во Велика Британија има 870 пациенти со коронавирус во болница, според последните податоци на Владата, во споредба со врвот од 39.249 во јануари.

Вработените во НХС имаат право да добијат доза од вакцина, но фактот дека за тоа нема интерес, и покрај секојдневната работа со пациенти, отвори дебата за ова прашање во државата, јавија локалните медиуми.