Русија ја користи својата предност во сила и артилерија за „постепено да зазема територијата во и околу Северодоњецк“ од украинска контрола, соопшти британското Министерство за одбрана во најновиот разузнавачки извештај.

Се вели дека Русија продолжува создава борбени единици за распоредување во Украина. Во последниве недели, Русија веројатно почна да се подготвува за распоредување на третиот баталјон од некои борбени формации, тврди британското Министерство, додека повеќето бригади вообичаено активираат најмногу два од нивните три баталјони за да извршуваат операции во секое време.

Третите баталјони во бригадите честопати не се целосно екипирани, забележува Министерството за одбрана, а Русија веројатно ќе мора да се потпре на нови регрути или да мобилизира резервисти за да ги распореди овие единици во Украина.

– Распоредувањето на сите три баталјони истовремено веројатно ќе го намали долгорочниот капацитет на формациите за регенерирање на борбена моќ по операциите, се вели во извештајот на британското Министерство за одбрана.