Како што е прецизирано на страницата, досега 150.133.225 луѓе ширум светот биле заразени со коронавирусот, 3.161.611 починале, а 127.582.445 закрепнале од болеста.

Во моментов има 19.389.169 активни случаи, а 0,6 проценти од пациентите, поточно 110.777 се во сериозна или критична состојба.

САД сè уште се на прво место по бројот на случаи и смртни случаи со 32.976.533 заразени и 588.180 починати.

На второ место според бројот на болни е Индија со над 18 милиони заразени, а на трето е Бразил со над 14 милиони заразени, додека другите земји имаат помалку од шест милиони регистрирани случаи на коронавирус.

Во однос на смртни случаи, Бразил е на второ место со 398.185 смртни случаи, а Мексико е на трето место со 215.547 починати.