Жичарницата „Стреза Мотароне“ за околу 20 минути превезува туристи и локални жители од познатиот град Стреза, на езерото Маџоре, до врвот на планината Мотороне, на надморска височина од околу 1 400 метри.
Кабината на жичарницата паднала од релативно висока точка на земјата во подножјето на голема шума и е целосно смачкана.
Причината за инцидентот останува нејасна, но локалните извештаи сугерираат дека кабелот што ја движел кабината најверојатно откажал на околу 300 метри од врвот на планината.
Службите за итни случаи велат дека за несреќата им било дојавено денеска нешто по 12:00 часот по локално време. Спасувачките екипи при обидот за интервенција се соочиле со тежок и стрмен предел, но уаспеале да извлечат две деца и со хеликоптер да ги пренесат во болница.
Италијанскиот премиер Марио Драги настанот го опича како трагична несреќа и изрази сочувство со семјествата и блиските на загинатите.
„Изразувам сочувство од името на целата Влада до семејствата на жртвите. Мислите ни се со сериозно повредените деца и нивните семејства“,
се вели во соопштението на Драги.
Жицарницата до неодамна беше затворена поради коронавирусот, но сега беше повторн оставена во функција.