На последната објава од Мила Царовска, конкурс за дигитални учебници, досега има 34 негативни коментари и ниту еден позитивен. На нејзино место јас сериозно би се запрашал дали е во ред тоа што го правам. Инаку, интересно е колку многу мразачи има за пријатели и следачи, пишува тој.

Меѓу другите зборови што се користат во коментарите министерката е квалификувана како чума, монструм, глумица, неписмена…

На последната објава од Мила Царовска, конкурс за дигитални учебници, досега има 34 негативни коментари и ниту еден…

Posted by Дејан Трајковски on Saturday, May 22, 2021

-Не лажи кога кога штом упорно туркаш проект против кој се огромното мнозинство од граѓаните јасно е дека тој проект не е добар и дека веќе се сте договориле со бугарските корумпирани политичари како да биде напишана или избришана македонската историја по учебниците. Плус знаеме како се пишуваат учебници (од партиски потрчковци)! Затоа објавувате огласи за учебници и за наставни програми дури сега, пред да почне новата учебна година односно во пет до дванаесет, што укажува дека се е веќе договорено и конкурсите се глума”, пишува еден граѓанин како одговор.

-Инстант реформи, трајни и квалитетни колку времето за подготовка”, се вели во друг коментар.

-Во септември вака и ученици ќе барате преку оглас, дома ќе ги школуваме!
Само продолжете, посилно со главата во ѕидот, кај и да е, ќе падне!”, вели трет граѓанин.

-На кого служите Вие, Царовска Мила? Контрадикторна и недоследна во своите изјави, пробувајќи да пробутате реформа, која воопшто не е приложна во нашето општество, вие сте срам за Македонците и местото не ви е воопшто во министерството за образование”, се вели во еден од коментарите.

-Реформи ќе прави, а авторите уште не најдени..септември зад врата, изгледа пак ќе го прерипнат како минатата година! Углавно има охрабрување!”, и порачува на министерката една Тања.

Царовска не одговара на ниту еден од коментарите.