Тој посочи оти нештата не се движат кон нови можности и предизвици за подобар живот на категоријата на различностите.

– Во 2017 година, госпоѓата Царовска, бидејќи бевме многу гласни, ги баравме нашите права, не дозволувавме некој на сметка на нашата попреченост да се коцка, прво нешто што направи, ја затвори – првата единствена градинка за деца со оштетен вид од претшколска возраст. колку тоа беше потребно, благодарение на претходниот министер, Диме Спасов, тој ја разбра потребата на овие лица и таа потреба стана реалност, но траеше кратко. Градинката моментално е заклучена, појасни Алиша.

Коалицијата „Менуваме“, се обидела да најде решение за рестартирање на градинката на состанок со заменик-министерот Хусеини во МТСП.

– Моментално и во основното училиште, насила, свесно министерката Царовска ги прекрши законот за образование, Уставот на РМ член 118, како и Конвенцијата за правата на лицата со хендикеп член 26 и Конвенцијата за паравата на детето член 24. Тие членови го гарантираат образованието на атипичните деца и типичните деца, вели Алиша.

Сега нема ниту основно ниту средно училиште за овие деца со хендикеп бидејќи министерката Царовска одлучила тоа училиште да го претвори во ресурсен центар.

– Децата се дома. Сведоци сме на еден кој е директор на државното училиште за слепи лица а тоа е еден друмски, кафански пејач, Боби Спасенцовски кој нема познавање од тифло-техничкиот пристап на лицата со попречен вид. Тој не е лице со попреченост, тој е пејач од кафана, пријател на госпоѓата Царовска, а исто така преку долгата рака на неговата сопруга која е вработена во Бутел. Тој е директор, замислете со купена лиценца, а училиштето во моментот не работи, додаде Алиша.

Тој појасни дека во септември Коалицијата „Менуваме“ дала протоколи според кои би можело да функционира училиштето во услови на ковид, но директорот Спасенцовски не ги прифатил. Не работат ниту основното ниту средното стручно училиште, а овие деца не можат да следат настава од дома бидејќи нивните родители немаат познавања како да им објаснат тифлолошки.