Цените на производите постојано растат, а револтот кај граѓаните се зголемува, додека српскиот медиум „Нова.рс“ направи споредба на цените.
Инфлацијата во Германија изнесува 10 отсто, додека цените во маркетите се пониски од нашите. Млекото во моментов чини околу едно евро и 10 центи, односно 66 денари.
Цената на путерот во Германија изнесува 2,29 евра, односно 142 денари, додека едно „киндер јајце“ чини 85 центи, т.е. 53 денари.
Производите за домаќинство, исто така се евтини, па 450 милилитри средство за миење садови чини околу 1,25 евра, односно 78 денари.