Контроверзниот српски политичар Чедомир Јовановиќ проговори за однесувањето на нарачателот на убиството на Милорад Улемек Легија и на неговите врски со политиката и естрадата.

Легија, бил голем пријател со Цеца па дури бил кај неа на роденден каде правел инциденти.

 Легија беше отпуштен од МВР во мај 2001 година бидејќи пукал во телевизор во дискотека кога видел дека некои негови луѓе се уапсени во Париз. Тоа беше Спасојевиќ со Луковиќ. Потоа изгоре дискотеката. Тој е веднаш суспендиран, според правилата на службата, до завршување на постапката. Неколку дена потоа беше на роденденската забава на Цеца, каде се појавила полиција.Тој пукал во нив во нозете додека тие потскокнувале.. Зоран Мијатовиќ, заменик началникот на одделението, се качил во автомобилот и го уапсил Легија и го однел во станица на 29 ноември. Влегов во автомобилот и отидов до станицата и го најдов Легија долу без врвки за чевли, ремени, лигавење, пијан и издрогиран и го замолив да се јави во ЈСО и да каже што навистина се случило за да нема дополнителни проблеми – раскажува Јовановиќ.