Образованието како основно човеково право

Министерството го честита Меѓународниот ден на образованието – 24 Јануари. Се потсетува дека образованието е основно човеково право и Владата се стреми што повеќе деца и млади да го остварат тоа на најдобар можен начин.

Приоритет на квалитетно образование

Образованието е еден од врвните приоритети на Владата. Без квалитетно образование општеството не може да се развива, ниту државата да јакне. Затоа се зголемуваат средствата за изградба на нови училишта и спортски сали, набавка на опрема и технички помагала, како и за дигитализација и воведување на современи технологии во наставата.

Поддршка за учениците и наставниците

Министерството за образование и наука ги вложува ресурсите во развој на современи наставни програми и подобрување на инклузијата во основното и средното образование. Воведени се нови формули за фер финансирање на училиштата, а продолжувањето на времето поминато во училиште со целни активности го подобрува образованието и целокупниот развој на учениците.
Наставниот кадар добива сигурност, повисоки плати и можности за професионален и кариерен развој.