– Бидејќи листите се уште се обработуваат и немаме решение за потврдување, можеме да кажеме само дека имаме 4 кандидатски листи поднесено за градоначалник. Тоа е коалицијата ЛДП-ДОМ, коалицијата предводена од СДСМ, коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и политичката партија ИНТЕГРА, изјави Виктор Вацев, претседател на ОИК – Штип.
Кандидатот мора да има постојано живеалиште во општината во која се кандидира, но бидејќи има и лица кои се родени надвор од Штип, надлежен за издавање на уверенија од казнената евиденција е судот.
Треба да пристигнат до вечер на полноќ, кога ќе ги имаме и конечните информации дали листите се потврдени или ќе бидат одбиени за некоја корекција од страна на подносителите – додаде Вацев.
За место во Советот на општината се поднесени 7 кандидатски листи. Партиите кои имаат свој кандидат за градоначалник, Левица, ТМОРО и Сојуз на Ромите.