Четири лица биле искасани од кучиња скитници во текот на вчерашниот ден во Македонија.

На 13.02.2023 во 21.00 часот во СВР Тетово, 65-годишната тетовка М.А. пријавила дека на улица „Иво Лола Рибар“ во Тетово била касната од куче скитник.

На 13.02.2022 во СВР Битола, М.Л.(45) од с.Могила, битолско, пријавила дека во Градскиот парк во близина на спортската сала во Битола била касната од куче скитник.

На 13.02.2023 во ОВР Ресен, С.С.(42) од с.Јанковец, ресенско, пријави дека на ул.„Гоце Делчев“ во Ресен бил каснат од куче скитник.

На 13.02.2023 во 18.30 часот во Полициската станица Карпош, К.Н.(22) од Скопје пријавил дека на ул.„Лондонска“ бил каснат од куче скитник.