На 06.04.2022 во 14.10 часот било пријавено дека во Куманово, на ул.“Железничка“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, управувано од Д.М.(25) од Куманово и патничко возило „фолксваген шаран“, управувано од Н.Д.(35) од Куманово, двете со кумановски регистарски ознаки.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил С.С.(66) од с.Ропалце, липковско, сопатник од возилото „фолксваген голф“, а уште еден сопатник од истото возило, А.М.(76) од Куманово, и двајцата возачи се здобиле со телесни повреди, констатирани во Општата болница во Куманово, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.