– Санитарната состојба продолжува да се влошува. Четвртиот бран на пандемијата ја зафати цела Франција, рече тој.

Според Атал, жаришта се регистрираат низ целата земја и „скоро сите региони се во црвената зона” во однос на стапката на ширење на болеста. Портпаролот на француската Влада рече дека во вторникот се регистрирани скоро 27.000 нови случаи, со просечно дневно зголемување од 19.000 во изминатите седум дена.

– Во исто време, гледаме остар контраст меѓу бројот на нови случаи и бројот на пациенти на кои им е потребна хоспитализација. Особено во споредба со претходниот бран, додаде тој.

Атал рече дека подобрувањето на овој индикатор во голема мера се должи на масовната вакцинација на населението, поради што се намали товарот на здравствениот систем.