Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имаше пријавено три (3) интервенции врз пожари на отворено, покрај интервенциите врз пожари во урбани средини и населени места, на територијата на државата.
Конкретно, Регионалниот ЦУК Струмица, известува дека пожарот кој започнал во 14:53 часот во саботата (14.09.2024 година) помеѓу с. Белотино и с. Рич е локализиран. Како што не известија од ТППЕ Струмица нема константно горење, туку се појавува горење на сува лисната маса, борови иглички и падната лисната маса што е со дебелина од 20 до 30 см. Направен е безбедносен противпожарен ПП појас околу пожарот за да не се шири. Во интервенцијата учествуваа ТППЕ Струмица со 3 пожарникари и 1 возило и 3 вработени во ЈП „Национални шуми“ подружница „Беласица“ од Струмица.