Споделувајќи истражување од Универзитетот во Мајами, во кое се посочува дека прележувањето на ковид-19 има големо влијание врз импотенцијата и машкото сексуално здравје, д-р Нико Беќаровски на балканските мажи им порача дека ако продолжат со инаетот, „Фајзер“ вака или така ќе им ги земе парите.
Почитувани мои Балканци,
Ако продолжите со надалеку познатиот инает и не се вакцинирате, „Фајзер“ пак ќе Ви ги земе парите, овој пат преку „вијагра“.
Шансите да станете импотентни по прележување на ковид-19, Ви се ШЕСТ пати поголеми!
П.С. вирусот го напаѓа и срцевиот мускул и шансите по конзумирање на „вијагра“ да завршите во болнички кревет, Ви се далеку поголеми отколку во посакуваниот, пишува Беќаровски.