„Ние сме во врвот во светот по смртност од Ковид, треба да се прават анализи кои се факторите за големата смртност кај нас, преголема голема смртност на оние што се хоспитализирани, кај нас околу 40%, во САД е под 10%. Зошто толку стапката на смртност е голема во однос на инфицираните. Карактеристика на добар здравствен менаџмент е отчетност и одговорност. Не може директор на болница да не му полага сметки на првиот човек во здравствениот сектор. Кај нас ова личи на башибозук, никој на никого не одговара и знае дека нема да одговара и прави што сака. Факт е дека општата состојба на нашево население е под секја критика“ – вели проф. д-р Драган Даниловски, универзитетски професор во Студио 10 на ТВ24.
Д-р Даниловски се спротивстави на властите: Здравствениот систем личи на башибозук
Д
Д-р Драган Даниловски вели дека кај нас има преголема смртност од Ковид-19 и здравствениот систем личи на башибозук.