Хуманитарната организација „Свети Спас“ упати апел за собирање финансиска помош за 18-годишниот Лео кој по несреќата во Грција се уште е на интензивно лекување во болницата во Солун. Има повреда на третиот, четвртиот и петтиот пршлен, поради што дише на апарати и не може да ги движи своите екстремитети. Храбро помина неколку хируршки зафати, но понатамошните медицински третмани и рехабилитација освен што од него ќе бараат многу сила, чинат и голема сума на финасиски средства. Драги добри луѓе, за оваа борба за животот на Леонид, потребни се 200.000 евра.

-Се наоѓаме во посебно чувствителен момент. Миг во кој нашето обединување, нашата молитва и поддршка е потребна повеќе од било кога досега. Со срце исполнето со надеж и верба, го пренесуваме до вас овој апел за донирање, кој за младиот Леонид може да значи шанса за живот.

Лео е талентиран млад човек, со неверојатни спортски и интелектуални способности. Со својот тим, тој го освои првото место на меѓународниот натпревар NASA Space Apps Challenge. Тој е момче со само 18 години и срце полно со ентузијазам и желба за знаење. Неговите компјутерски вештини и научни истражувања се вистинска инспирација за сите негови врсници. За жал, во моментот тој е соочен со најголемата животна битка. По несреќниот случај што му се случи пред неполн месец додека беше на летување во Калитеа, сега се наоѓа на одделот за интензивна нега во болница во Солун. Неговата состојба е критична. Има повреда на третиот, четвртиот и петтиот пршлен, поради што дише на апарати и не може да ги движи своите екстремитети. Храбро помина неколку хируршки зафати, но понатамошните медицински третмани и рехабилитација освен што од него ќе бараат многу сила, чинат и голема сума на финасиски средства. Драги добри луѓе, за оваа борба за животот на Леонид, потребни се 200.000 евра. Секоја мала или голема донација значи. Ова е борба за неговото оздравување, како и за враќање на можноста да го следи својот пат, своите мечти и амбиции. Лео секогаш со гордост кажуваше дека е од неговата Македонија. Време е сите ние да ја оправдаме онаа големина која тој знаеше дека ја носиме во себе. “Свети Спас”, како организација која секогаш ја предводи битката за хуманост и шанса за подобар живот и овој пат ќе направи се што е во рамки на своите можности за оваа борба да има позитивен исход.

Апелираме и до вас, до сите кои можете и сакате да бидете дел од битката на Лео. Отворете ги срцата и и придружете се на оваа хуманитарна акција.

Донациите може да се направат со повик на телефонските броеви (100 денари од повик):

А1: 143 500

Телеком: 143 118

Или преку сметка:

Од Македонија: 210-7000006805-91 НЛБ БАНКА

Од странство: IBAN: MK07210501567799991

SWIFT: TUTNMK22

NLB BANKA AD SKOPJE