– Самата корона-криза наметна една кризна ситуација, таа кризна ситуација создава силни реакции и силни емоции. Тоа значи чувство на неизвесност, чувство на страв, чувство на незнаење итн. Свесно или несвесно сите ние запаѓаме во една психолошка состојба којашто е поразлична од онаа претходно. Исто така начинот на живот е променет, особено на младите, рече д-р Андоновска.

Самата оваа ситуација, вели, носи во потрага по информации, Според неа, неизвесноста бара од нас да бараме информации да се сконцентрираме на темата – пандемија.

– Добро е да има информации, но од друга страна не треба да се фокусираме целосно и да бараме начин кога ова ќе заврши. Тоа повеќе ќе ја зголеми дозата на неизвесност. Добро е да имаме една дневна рутина, многумина си наоѓаат ново хоби, изучуваат нов јазик, некои се пронаоѓаат во готвење. Ова време да најдете нешто што ќе може да го искористите позитивно. Многу е важно да не се загуби оптимизмот и да ги препознавате емоциите кои носат непријатно чувсто и истите тие да не се акумулираат во себе, вели Андоновска.

Таа посочи и апелираше до властите дека во повеќе земји направени се цетри кои работат на оваа проблематика каде што сите вклучително и младите можат да се обратат за стручна помош.

Не само менталното, важно е и физичкото здравје, порача д-р Андоновска.