Македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ продолжува со одличните настапи во дресот на Арис, откако одигра уште еден квалитетен натпревар во Еврокупот.

Грчкиот состав на домашен терен го совлада француски Ле Ман со 96-86, а Димитријевиќ имаше значаен придонес во победата.

Македонскиот репрезентативец постигна 11 поени, подели дури 13 асистенции и запиша два скока.

Арис се наоѓа во одлична позиција во групата, каде што го зазема второто место со седум победи и еден пораз.

Пред него е само Хапоел Ерусалим, кој има максимален учинок од осум победи на осум натпревари.