Актерот кој го глуми Чендлер ја раскина свршувачката со книжевната менаџерка шест месеци откако ја побара за жена.
Тој ја потврди разделбата во изјава за магазинот „Пипл“.
-Понекогаш работите едноставно не функционираат и ова е една од нив. Ѝ посакувам најдобро на Моли,рече тој.
Според магазинот, Пери и Моли ја раскинале свршувачката откако актерот се соочил со критики дека испраќа пораки на малолетнички, што одекна во јавноста.
Покрај тоа, славниот актер изгледаше многу лошо на неодамнешниот собир по повод премиерата на серијата “Friends – Reunion“, па можеби и тоа влијаеше на нивното раскинување.
Многумина сметаа дека „чудното“ однесување на актерот се должи на неговата зависност, но сепак, продуцентот на серијата, Кевин Брајт, истакна дека смета дека Метју е многу добро.