На 16.март, американскиот производител Модерна најави дека веќе се администрирани првите вакцини во рамки на тестирањето врз деца од шест месеци до 12 години. Фајзер пак, уште една американска компанија, веќе ги тестира своите вакцини на деца над 12. години. АстраЗенека, Британско-Шведска компанија наскоро започнува со теситрање на својата вакцина на деца од шест до 17.години. Зошто клиничките тестирања за деца се разликуваат од оние кај возрасни, и каква разлика би имале вакцините за деца?
Досега, децата не беа примарен таргет на производителите на вакцини против ковид-19, бидејќи тие се најмалку ранливи а со тоа и најмал број беа заболени.
Како и да е, постојат силни докази дека вакцинирањето ќе им помогне да се заштите целокупната популација. Децата без симптоми можат да се инфицираат со САРС-КОВ-2 вирус што го предизвикува КОВИД-19 и инфекцијата да ја пренесат. Во ретки случаи инфицираните деца можат да развиајат потенцијално смртоносна состојба наречена „мултисистемски воспалителен синдром“, додека некои страдаат од долготрајните симптоми кои се среќаваат кај возрасните.
Се уште не е јасно зошто децата страдаат помалку од возрасните од ковид-19, но некои студии ова го поврзуваат со промената во имуниот систем во процесот на стареење.