Дали на народниот правобранител му е местото на партиски митинг? Соња Трифуновска, заменик на јавниот правобранител вчера на социјалните мрежи постираше фотографии со нејзините деца од митингот на СДСМ во Тетово. Таа пропагира граѓаните да го заокружат бројот 12 и да гласаат за Илија Димитриевски, кандидат на СДСМ. Трифуновска објавува фотографии од нејзините деца на митингот сликани со лидерот на партијата, Зоран Заев.

Законот е јасен! Член 8 од Законот за народен правобрантел вели:

Функцијата Народен правобранител е неспојлива со вршење на друга јавна функција и професија или со членување во политичка партија.

Притоа е нагласено дека одредбата од овој член важи и за замениците на народниот правобранител.

Но тоа Трифуновска не ја спречи да излезе на митинг да се фотографира, јавно да искажува поддршка за партиски кандидат и притоа да нагласи дека се чувствува горда со Зоран Заев.

Трифуновска беше избрана за заменик на народниот правобранител во јануари минатата година. Тогаш координаторот на пратеничката група на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, изјави дека СДСМ сака и во институцијата Народен правобранител да инсталира свои кадри и да фрли дамка на работењето. Посочи дека Соња Трифуновска е член на Правната комисија на СДСМ и член на Форумот на жени на СДСМ. Обвини дека владеењето на правото е на најниско ниво и ги повика пратениците добро да размислат дали треба и во оваа институција да се дозволи целосна партизација. Но и покрај тоа со 63 гласа За таа беше поставена за заменик на народниот правобранител