Неуспехот на „Олд Трафорд“ значи продолжување на неубедливите резултати во домашното првенство и поголема негатива во однос на водечките екипи во Премиер лигата.

– Не е лесно да се каже нешто повеќе освен дека ова е најцрн ден откако ја водам екипата. Не бевме доволно добри како индивидуалци и како тим, не смееме да и даваме вакви шанси на екипа како Ливерпул. Третиот гол беше решавачки, а со четвртиот беше крај на приказната. Минатата година загубивме од Тотенхем со 6:1, но ова е полошо, многу полошо. Го допревме дното, не може полошо ова, треба побрзо да се рехабилитираме и да се обидеме да го поправиме впечатокот, – изјавил Солскјер.

На прашањето дали смета дека треба да остане на менаџерската позиција, Солскјер имал конкретен одговор.

– Поминав долг пат, поминавме долг пат како екипа, премногу сме блиску за да се откажеме сега, – изјавил менаџерот на Јунајтед.