Следното рочиште за случајот „Меѓународен сојуз” продолжува денеска Судењето за овој предмет е во фаза на доказна постапка, односно презентирање на материјални и вербални докази предложени од одбраната.
Текот на денешното рочиште ќе го одреди тоа дали судијката Софче Гаврилова Ефремовска ќе го дозволи како доказ УСБ-то на Бојан Јовановски во кое има разговори со Зоран Заев, но и со други политичари како Александар Кирацоски, Стефан Богоев, Наташа Петровска и др.
Доколку биде прифатено можно е денеска да сведочат градоначалниците на Битола и Карпош, Наташа Петровска и Стефан Богоев. Доколку не, ќе сведочи Стојанка Мицевска.
За случајот со невладината организација Меѓународен сојуз, основана од Бојан Јовановски-Боки 13, преку која според обвинението биле измамени бизнисмени за наводни центри за возрасни лица, обвинети се и Фросина Ременски, Христина Блажеска, Миле Јовановски, таткото на Боки 13 и Јасна Мандиќ Ерцеговиќ.