– Ќе се вратат и онака – откако ќе стивне епидемијата. Дефинитивно, од септември би требало наставата нормално да се изведува. Се разбира, ако трендот на бројките продолжи како досега и ако темпото на вакцинирање остане исто и ако не останат премногу вакциноскептици и антиваксери… Останува да видиме – истакна Даниловски, кој потоа зборувајќи за евентуално вакцинирање на учениците во нашата земја, посочи оти не верува дека тоа ќе се случи.

Во принцип Даниловски е „за“ вакцинирање и на помладите од 18 години. Но, не верува дека кај нас ќе дојде до тоа – заклучи тој.