0Данските студенти кои студираат во Русија или Белорусија повеќе нема да имаат право на дански државни стипендии, одлучи денеска парламентот во Копенхаген.
Според данскиот закон, граѓаните на таа земја имаат право на финансиска поддршка за време на нивните студии, без разлика каде се школуваат.
Смислата на тој систем е да им се овозможи на сите да студираат, без разлика на нивната финансиска состојба, односно студентите да не мора да работат за време на студирањето.
Годинава добиваат 6.397 круни (860 евра) бруто месечно, но од таа сума треба да плаќаат данок.
Денеска пратениците одлучија студиите во Русија и Белорусија да бидат исклучени од таа програма до 1 јануари 2024 година.а