Поради ваквата одлука, реализацијата на програмата за вакцинација во Данска ќе доцни неколку недели, јави ТВ2.
Европската агенција за лекови минатата недела објави дека е утврдена можна врска меѓу оваа вакцина против коронавирусот и создавањето згрутчување на крвта во ретки случаи, но дека ризикот од смрт од ковид-19 е далеку поголем отколку ризикот од смрт поради ретки нуспојави од лекот.
На 11-ти март, Данска привремено ја стопираше вакцинацијата со вакцината на АстраЗенека против ковид-19 по извештајот за случаите на создавање крвно згрутчување, од кои тогаш еден беше забележан токму во таа земја.
Поради истата причина, Данска ја стави „на чекање“ вакцината на Џонсон и Џонсон.