Скијач од Данска, кој бил повреден од лавина, бил извлечен и спасен вчера на Попова Шапка, соопшти МВР.

– На 16.2.2026, во 14.50 часот. во СВР Тетово е пријавено дека на Попова Шапка, кај местото наречено Церипашина, екипа од друштво за спортски и други услуги со специјално возило во 16.10 часот го пронашла лицето Ф. М. Л. (24) од Данска, кој бил повреден од снежна лавина додека скијал. По укажаната помош, лицето со амбулантно возило е пренесено во приватна болница во Скопје – се наведува во соопштението од МВР.