Леб стар 15 дена, избришани декларации, прозиводи со поминат рок. Околу 7000 полициски службеници кои дежураат во ноќна смена добиваат храна која е се ужасно лош квалитет-тврдат од Независниот Синдикат на Полицијата.

Храната се чува во несоодветни услови, лебот стои по две недели во ќеси оставени на под, вели претседателот на НСП, Гоце Делчев Тодев.

Различен е и квалитетот на храната која ја добива обичниот полицаец од онаа која ја зимаат старешните, велат од НСП. Обичните полицајци добиваат “суви колачи и паштета“, а старешините “чоколади и шунка“!
НСП реагирале до Агенцијата за храна и ветеринарство да го испитаат квалитетот на хараната и условите во кои таа се чува, но дел од инспекторите биле спречени во својата работа од страна на одредени полициски службеници.

Делчев Тодев вели дека со ова сериозно прашање мора да се позанимава целото раководство на МВР вклучувајќи го и Министерот Спасовски.

Лидер: По четири години чекање ноќната смена во полицијата , или околу 7000 полицајци конечно добија храна. Но повторно разочарување. Што направи МВР?

-МВР преку тендер обезбеди храна меѓутао храната според она што го добиваме како информација од терен , полицајците и страшените добиваат според квалитет многу различна храна. Има забелешки од обичниот полицаецот во однос на храната што тој ја добива со онаа која им се дели на старешните. Таа е далеку поквалитетна. Односно храната што ја добиваат обичните полицајци за ноќната работа е ужасно лоша. Прозиводи со поминат рок, датуми на декларацијата кои се избришани, празен прстор кај што треба да стои рокот. Квалитетот е многу лош и по изглед и по вкус.
Од страна на колегите има огромни забелешки. Се поголем е процентот на полициски службеници кои одбиваат да ја зимаат храната. Мора да се превземат сериозни чекори околу ова. За ова треба да знае целото раководство на МВР вклучувајќи го и Министерот, кој треба да се завземе како би се надминал овој проблем.

Членовите на НСП до Синдикатот реагирале и на начинот на кој се чува храната. Синдикатот испратил барање до Агенцијата за храна и ветеринарство да го испита условите во кои се чува храбната но да го испита и нејзиниот квалитет. Делчев вели дека од директорот на АХВ очекува сериозен пристап кон ова прашање и покрај пристисоците со кои се соочуваат инспекторите на терен.

-Уште поголема е забелешката во начинот на чување и транспорт на храната! 15 дена се чува таа храна и се транспортира во несоодвентни услови со несоодветни возила! Може да замислите 15 дена се чува лебот на едно место. На пример од 16 мај кога ќе се подигне храната до 30 мај треба да се чува во полициските страници и на 30 мај треба да се земе леб кој е подигнат на 16 мај! И нормално е дека храната нема да биде земена од страна на полицајци.

Независниот синдикат на полицијата врз основа на реакциите од своето членство и преку преставки добиени од страна на полицајците од целата територија на државава, испративме допис со барање до Агенцијата за храна и ветеринарство да го испитаат квалитетот на храната и условите како се чува храната во сите полициски станици, онаму каде што имавме известување дека е несоодветно чувана.

Од страна на неколку дежурни полициски службеници од страна на одредени полициски старешини во полициски станици не е дозволен пристап на дел на инспекторите од АХВ.
Јас се надевам дека и го охрабрувам директорот на АХВ но и очекуваме од него сериозен пристап кон ова многу сериозно прашање. Бидејќи не станува збор тука за за мое лично барање, туку станува забор за 7000 припадници на полицијата, како и со што се хранат тие !

Ова е крупно прашање во кое мора да се вклучи и министерот за решавање на овој проблем.

Според Законот за работни односи и измените од 2018 година , на полициските службеници во ноќна смена им следува оброк. Четири години тие не го добива, но по големиот број тужби на полициските службеници, и правосилна пресуда, од 1 април 2022 година се спроведува законското решение во МВР, а на полицајците веќе им се исплаќа обештетувањето за изминатите 4 години кои работеле ноќна смена а не добивале оброк.