Приоритет на фестивалот се филмовите кои што имаат потенцијал да резонираат со широката публика и да создадат силна маса на обожаватели.
Тоа најчесто се филмови кои ги кршат правилата на жанрот, разледуваат некоја субкултура или ги изненадуваат гледачите со необични ликови, реплики кои се помнат и саундтрак кој се пее.
Фокус на фестивалот сепак е и македонскиот краткометражен филм како и кратки филмови кои се направени во жанровски стил кој е потценет, нетипичен или дури непостоечки во Југоисточна Европа, како Комедија, Хорор, Научна-фантастика, Мјузикал, Фантазија, Филм-нуар и Трилер.
“Култни Кратки” функционира во синхрон со онлајн платформата на краткометражни филмови cultshorts.com, каде што селектираните филмови се промовираат онлјан и се достапни за гледање за секого.
“Многу е важно филмаџиите да не дозволуваат нивните филмови да завршат во некои папки на десктоп. Живееме во време кога буквално се е достапно на интернет и застарената претстава дека еден филм треба да биде прикажан само во кино сала, ги ограбува авторите од можноста преку интернет да стигнат до потенцијално неограничена публика!
Тоа е многу важно, но ако си го качите филмот на Јутјуб за случајно гледање, едноставно ќе потоне во тој неограничен океан на содржини…” вели Димитар Јангеловски, еден од основачите на “Култни Кратки”.
За Андреј Волкашин пак, режисер и писател од Делчево, Cult Shorts е надеж дека киното во неговиот град конечно повторно ќе заживее, а со тоа и граѓаните од овој дел на Македонија ќе имаат можност да допрат до светските културни тенденции, од кои во моментот се речиси во тотална изолација.
Првото издание на фестувалот беше предвидено за оддржување во Септември оваа година, но поради пандемијата е одложено за Јуни 2022 година. Сепак на платформата cultshorts.com веќе можат да се гледаат филмови од целоит свет во најразлични жанрови и стилови.