Директорот на бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, ја предводи македонската делегација во Бостон, Масачусетс, Соединетите Американски Држави, каде се одржува годишната конференција на меѓународната асоцијација на шефови на полиции.(IACP), водечка организација која е фокусирана на унапредување на полицијата и безбедноста на глобално ниво.

На оваа конференција полициски лидери, службеници и експерти од разни држави од светот ќе имаат можност да разменат најдобри практики, иновации и стратегии за справување со предизвиците во секојдневното полициско работење. Ваквиот пристап на соработка е значаен за унапредување на безбедносните практики и размена на искуства, зајакнувањето на капацитетите на полицијата. Преку запознавање со специфичностите и предизвиците со кои се соочува полицијата во САД, но и останатите полициски служби во светот, учесниците ќе имаат можност да добијат клучни информации за методологијата за справување со истите.

Конференцијата нуди одлична можност за градење нови партнерства, воспоставување на идни проекти и иницијативи.

Во текот на конференцијата, македонската делегација ќе присуствува на повеќе настани, а најавени се и средби со менаџментот на ИЦИТАП, федерални обвинители и повеќе директори на полиции и шефови на делегации.