Денеска скопската ЗОО ја посети делегација на светски реномираната организација за заштита на животните Four Paws International, при што имаа средба со градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и директорот на Зоолошката градина, Кристијан Стаменов.
На средбата Four Paws International ја преставуваа Јоана Данглер (Iona Dungler) – директорка на Одделот за диви животни во Four Paws International и Барбара ван Џин ( Barbara Van Geene)- интернационален директор на Сектор Wild animals rescue & Advocasy во Four Paws International.
Four Paws International е најголема светска организација за заштита на животните и помага за благосостојбата на животните низ целиот свет, со седиште во Виена и со свои прифатилишта на повеќе локации во светот.
Со нивното знаење, експертски совети, ветеринарна грижа и логистика тие континуирано помагаат на Скопје ЗОО, но нивна главна цел е и заеднички да ја унапредиме благосостојбата на животни.
Во овој период со нивна помош беа спасени илјадници загрозени животни.
Градот Скопје континуирано ќе работи на подобрување на условите во кои живеат животните, како и ќе ги почитува препораките на меѓународните стандарди за заштита на животните.