Без електрична енергија денеска од 08:30 до 14:00 часот ќе останат корисниците на делови од улиците Полог и Кочанска во Општина Кисела Вода, информира Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје.
Прекини во делови од Студеничани, Шуто Оризари и Центар
Од 08:30 до 16:00 часот струја ќе немаат и жителите на село Алдинци кон Солунска Глава во Општина Студеничани. Прекин на снабдувањето ќе има и за корисниците на дел од улица Македонско Косовска Бригада во Шуто Оризари, во периодот од 09:00 до 14:00 часот.
Исто така, од 09:00 до 14:00 часот без електрична енергија ќе бидат и објектите во околината на зградата број 17 на булевар Партизански Одреди во Општина Центар.
Прекин и во Бардовци
Во село Бардовци, корисниците на улица 6 ќе останат без струја од 09:30 до 13:00 часот, поради најавени технички интервенции на електро-мрежата.
