Хибрид од варијантите делта и омикрон на Ковид-19, наводно, бил откриен на Кипар, пренесува Блумберг.
Леондиос Кострикис, професор по биолошки науки на Универзитетот во Кипар, објаснил дека новата варијанта ја дели генетската позадина на варијантата делта заедно со некои од мутациите на омикрон и затоа го носи името ‘Делтакрон’.
Кострикис и неговиот тим досега откриле 25 случаи на вирусот, се вели во извештајот. Прерано е да се каже дали има повеќе случаи од овој сој или какви може да бидат последиците, пишува „Блумберг“.
„Ќе видиме во иднина дали овој сој е попатолошки или позаразен во однос на двата доминантни соеви, делта и омикрон“, рекол Кострикис во интервју за ТВ Сигма во петокот. Тој верува дека омикрон ќе биде позаразен од делтакрон.