Општина Карпош ги демантира наводите дека градоначалникот Сотир Лукровски си има поднесено оставка.
-Тој во овој момент користи боледување и е привремено отсутен поради здравствени причини, за што замолуваме за разбирање. Уверуваме дека Општина Карпош продолжува да функционира непречено, со целосен капацитет и посветеност кон потребите на граѓаните, велат од општината.
Согласно законските процедури, надлежностите привремено ќе ги извршува членот на Советот, Неделчо Крстевски.
Општина Карпош апелира до јавноста и медиумите за разбирање и почитување на приватноста на градоначалникот и неговото семејство во овој период.
