– Ве повикуваме сите да се попишете, затоа што бојкотот ќе биде на штета на стратегиските и националните интереси на Македонија, македонскиот народ и сите останати етнички заедници, се вели во повикот на партијата преку кој се повикува и Владата да се вклучи во кампањата.
Оттаму апелираат сите партии, невладиниот сектор, медиумите, но пред сѐ Владата, да се вклучат во кампања за сите да се попишат.
– Кај сите треба да преовлада чувството на одговорност спрема себе си и државата. Владата на дневна основа да ги следи состојбите и последиците од пандемијата и согласно процените да носи одлуки сврзани со пописот вклучително и ризикот од евентуален бојкот на истиот, се вели на крајот од соопштението на Демократскиот сојуз.