Почитувани,
Овој пост го пишуваме поради бројните критики дека сме ја промашиле бројката на демонстранти на вечерашниот протест во Скопје.
Имено, сакајќи да ја исполниме желбата на младиот пленумец со мегафон кој кажа дека студентите не сакаат новинари, ние му удоволивме и не испратиме новинарска екипа на протестниот марш.
Затоа што немавме новинарска екипа, бројката на демонстранти мораше да биде одредена произволно и така некако ни личеше дека има неколку стотини.
Благодариме на разбирањето.