Денеска е Лазарова сабота, утре e Цветници

Д

Лазарова сабота и Цветници се големи православни празници кои се и најава на најголемиот од сите – Велигден.

Магазин 24.04.2021. 10:12

На овој ден, познат дури и како Лазарица во одредени делови од Македонија, се споменува чудесното воскресение на четиридневно упокоениот Лазар извршено од Исус Христос. Овој настан бил на шест дена пред предавството и убиството на Христос на Голгота. На Лазарева сабота обичај е да се носат гранчиња од врба што симболично претставува свечено Христово влегување во Ерусалим, каде што го пречекале следбениците.

Цветници, пак, е во спомен на влегувањето на Исус Христос во Ерусалим, кога неговите ученици и симпатизери со цвеќе и врбови гранки, како и со својата облека му го постилале патот.

На Лазарова сабота именден слават оние кои го носат името Лазар и неговите варијации.

На Цветници пак, именден слават оние кои носат имиња инспирирани од цвеќе, како на пример Цветанка, Цветан, Јасмина, Лилјана, Виолета, Босилка, Трендафилка, Роза и слични.


Подкаст

Подкаст