Пожарникарство — професија која има за цел згаснување и спречување на ширење на пожар во згради, возила, шуми и слично. Лицата кои го прават тоа се нарекуваат пожарникари. Тие имаат за цел да заштитат општеството, животите и имотот од настанат пожар, но исто така пружат и друг вид на помош. Оваа професија бара високо ниво на тренинзи.
Првите професионални противпожарни служби во Македонија се појавиле во 1836 година.
Во дворот на Станицата на противпожарната бригада во населбата Автокоманда денеска ќе биде одбележан Денот на пожарникарството.
На одбележувањето, како што информираат од Град Скопје, ќе се обратат градоначалникот Петре Шилегов и командантот на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, Владимир Симоновски.