Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за европски прашања, за финансирање и буџет и Комисијата за прашања на изборите и именувањата.
Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за задолжителни нафтени резерви, во прво читање е единствената точка на дневниот ред на седницата на Комисијата за европски прашања.
Пратениците членови на Комисијата за финансирање и буџет треба да дискутираат по Предлог- закон за задолжување со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по договорот за заем за финансирање на Проектот за модернизација на земјоделството, по скратена постапка, второ читање.
Комисијата за прашања на изборите и именувањата на денешната седница ќе ги разгледува барањата од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, од поранешен член на Регулаторната комисија за домување, а ќе расправа и за Утврдување коефициент за пресметување на плата на совети и друг тела во Собранието на Република Македонија.