Првиот ден на пролетта
Пролетта официјално почнува денеска во 15:46 часот на северната хемисфера. На јужната полутопка истовремено ќе настапи есента. Првиот пролетен ден е 79-от во годината и ќе трае точно 12 часа и 8 минути. Сонцето изгреа во 5:37 часот, а ќе зајде во 17:46 часот.
Пролетта ќе трае 92 дена, до 21 јуни во 10:24 часот, кога календарски започнува летото.
Време и температури
Синоптичарите најавуваат променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а на моменти и засилен северен ветер. Минималните температури ќе се движат од -2 до 3 степени, додека дневните ќе достигнат од 8 до 16 степени.
Во Скопје времето ќе биде претежно облачно со сончеви периоди, придружено со умерен, повремено засилен северен ветер. Температурите ќе се движат од 2 до 15 степени.
