Во МОШ Бар во Скопје денеска ќе се одржи прес-конференција на која ќе бидат соопштени резултатите од донаторската акција, што ќе и бидат доделени на Украинската амбасадата во Скопје и распределена на бегалците од Украина.
Главен иницијатор на оваа акција е заменик-народен правобранител Јован Андоновски, во организација со МОШ Бар. Андоновски заедно со Роман Буга, заменик-амбасадорот на Украина во Скопје и Костиантин Кученко, конзул на Украина во Скопје денеска ќе се обратат на прес-конференцијата.
–Бегалците од Украина, кои ги оставија своите домови зад себе поради конфликтот помеѓу Украина и Русија се жив апел дека утрешниот ден не е гарантиран, како и дека секој човек може да се претвори во бегалец, велат организаторите на настанот.
Донаторската акција беше организирана во период од 25 до 27 мај, насловена како „Денови на хуманост“. Истата заврши со хуманитарна забава на 27 мај во МОШ Бар, каде со симболични 100 денари се собираа дополнителни средства за да им се помогне на луѓето од Украина.