Предлог на закон за дополнување на Законот за финансиска поддршка на граѓани со низок доход, корисници на пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници,во второ читање е едно од 10-те законски решенија кои ќе се најдат на дневниот ред на денешната седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет.
Членовите на комисијата ќе ги разгледаат и предлог законите за изменување на Законот за меница,
на Законот за фондот за осигурување на депозити, на Законот за лизинг, и на Законот за финансиските друштва, четирите во второ читање.
На дневниот ред на седницата се и предлог законите за изменување и дополнување на Законот за ревизија на инструментот за претпристапна помош (ИПА), на Законот за даночна постапка, на Законот за регистрирање на готовински плаќања и на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, како и Предлог законот за изменување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, сите во второ читање.