Портпаролот на Ватикан, Матео Бруни изјави:
-Уредни се резултатите од рутинските прегледи
Тој во изјавата додаде дека папата дури прочитал и неколку весници.
Папата Франциск (85) во неделата вечерта беше подложен на тричасовна операција на дебелото црево, во која под општа анестезија се реши проблемот со дивертикуларната стеноза, односно му беше отстранета левата половина од дебелото црево. Тој треба да мине една недела во болницата Гемели во Рим, доколку нема никакви компликации.
Папата Франциск е сместен во иста просторија, на 10-от кат од болницата Гемели во Рим, каде што по атентатот во 1981 година беше сместен и папата Јован Павле Втори и за операцијата на тумор на дебелото црево во 1992 година.