На територијата на Македонија денеска до 13 часот се регистрирани вкупно 13 пожари на отворен простор. Од нив, два се активни, шест се ставени под контрола, а пет пожари се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи.
Активен пожар има во Општина Маврово и Ростуше, над планината Бистра, кај Кириловец, каде што гори пасиште. Активен е и пожарот во Општина Струга, меѓу селата Октиси и Белица, каде што гори сува трева и стрништа.
Под контрола е пожарот во Општина Зелениково, над селата Палиград и Преслап, каде што гори мешана шума. Контролиран е и пожарот во Општина Сарај, кај селото Копаница, каде што гори нискостеблеста шума и ниска вегетација.
Пожарите кај селата Пискупштина, Буринец и Локов во Општина Струга, каде што гори нискостеблеста шума, исто така се под контрола. Под контрола е и пожарот во Општина Чучер-Сандево, кај Брест, на местото Рамно на Скопска Црна Гора, каде што гори шума.
Контролиран е и пожарот во Општина Ѓорче Петров, кај селото Грачани, на косовската граница над селото Кучково, каде што гори шума. Под контрола е и пожарот во Општина Струга, меѓу селата Буринец и Локов, каде што гори нискостеблеста шума.
Изгаснати се пожарот во Општина Шуто Оризари, кај Визбегово, зад хотелот „New Star“, каде што горела депонија, како и пожарот во Општина Маврово и Ростуше, на местото Голем Брдаш, каде што горела шума.
Изгаснат е и пожарот во Општина Прилеп, зад „Факултетот“ во Прилеп, каде што горело ѓубре, во Општина Струга кај селото Ложани, каде што исто така горело ѓубре, како и во Општина Велес, кај базенот за вода над местото Поток, каде што горела дива депонија.
